Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер денеска е регистриран во Црна Гора, а потресот бил почувствуван во повеќе градови, меѓу кои Херцег Нови, Тиват, Будва, па дури и делови од Хрватска.
Според информациите, епицентарот бил на 17 километри североисточно од Херцег Нови. Граѓаните сведочат дека земјотресот траел неколку секунди, но бил доволно силен за да ги разниша прозорците, мебелот и мониторите во канцелариите.
„Се тресеше добро“, „Се слушна татнеж“, „Мониторите се нишаа“ – коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Засега нема информации за повредени или материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.







