ПРВ.мк
Балкан

ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ: Популарен производ од „Пепко“ е опасен – веднаш престанете да го користите!

ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ: Популарен производ од „Пепко“ е опасен – веднаш престанете да го користите!

Во Србија е издадено итно предупредување за потрошувачите, откако надлежните институции наредија повлекување на еден производ од продажба во продавниците на „Пепко“ поради потенцијален ризик од повреди.

Станува збор за нараквицата Capybara Bracelet SNAKE (PLU: 631925), која била во продажба во продавниците на „Пепко“ во Србија во периодот од 3 до 31 март 2026 година.

Според информациите од српскиот систем за предупредување за небезбедни производи (NEPRO), при контролите бил утврден производствен недостаток. Имено, остра внатрешна ивица на нараквицата може да ја оштети заштитната ткаенина, што создава опасност од физички повреди при користење, особено кај децата.

Поради тоа, компанијата апелира до сите купувачи кои го поседуваат овој производ веднаш да престанат да го користат.

Од „Пепко“ ги повикуваат потрошувачите нараквицата да ја вратат во најблиската продавница, каде ќе им биде извршен целосен поврат на уплатените средства, без дополнителни трошоци.

Надлежните институции нагласуваат дека повлекувањето е превентивна безбедносна мерка чија цел е да се спречат можни повреди кај корисниците и да се заштитат потрошувачите од потенцијалниот ризик.