ПРВ.мк
Скопје

ВАНДАЛИЗАМ ПО ЗАДУШНИЦА: Искршени плочи на гробишта во Скопје!

ВАНДАЛИЗАМ ПО ЗАДУШНИЦА: Искршени плочи на гробишта во Скопје!

Непријатно откритие го пречекало 63-годишен скопјанец на гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров, каде што било оштетено гробно место. По одбележувањето на Задушница, тој забележал дека две мермерни плочи биле искршени, поради што случајот го пријавил во полиција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 7 ноември во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Станува збор за оштетување на гробно место, а по пријавата полицијата презела соодветни мерки за расчистување на случајот. Засега нема дополнителни информации за тоа кој ги искршил плочите, ниту под кои околности дошло до оштетувањето.