Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „мрази некои од своите непријатели“ и дека „секогаш ќе ги мрази“, истакнувајќи дека не би им простил дури и ако тоа би било услов по смртта да замине во вечниот рај.
Трамп во емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, на прашањето дали би му простил на поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми и на лидерката на демократите во Сенатот Ненси Пелоси, или на кој било кон кого изразувал омраза во изминатите години, ако тоа би било услов да замине во рајот по смртта, рече дека тоа не би го направил, бидејќи станува збор за „исклучително непоштени луѓе“.
„Мразам некои од моите непријатели и секогаш ќе ги мразам“
„Па тогаш тоа не би бил вистинскиот јас, нели? Одговорот е не, сакам да бидам искрен, не. Тоа се исклучително непоштени луѓе, многу лоши луѓе, многу лоши за нашата земја. Веројатно не можам да го направам тоа, не, бидејќи мразам некои од моите непријатели и секогаш ќе ги мразам“, рече Трамп.
На прашањето што мисли дека се случува кога некој ќе умре, Трамп одговори дека очекува тој да замине во рајот.
„Јас сум религиозна личност, така што теоретски одам во рајот“, заклучи Трамп.






