ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОСПИТУВАЧКИ ОД ПЕКОЛОТ ВО ГРАДИНКА: Злоупотребувале повеќе од 400 бебиња и мали деца!

ВОСПИТУВАЧКИ ОД ПЕКОЛОТ ВО ГРАДИНКА: Злоупотребувале повеќе од 400 бебиња и мали деца!

Управничката на една приватна градинка во Израел и две воспитувачки се обвинети за повеќе од 400 случаи на злоупотреба и малтретирање на бебиња и мали деца, соопштија израелските државни обвинители.

Според информациите, обвинението е поднесено против управничката на приватната градинка во Ариел, град на Западниот Брег, како и против две воспитувачки од истата установа.

Управничката на градинката „Лучик“, 37-годишната Наталија Кисилевски, како и воспитувачките Дарина Халупа и Ана Пагелски, се обвинети пред Окружниот суд за централниот округ во Лод. Меѓу другото, тие се товарат за кривични дела злоупотреба и малтретирање малолетници или немоќни лица.

Тие се обвинети за повеќе од 400 случаи на злоупотреба, како и за напади врз 17 бебиња и мали деца, од кои некои имале само шест месеци.

Вознимирените родители се соочија со обвинетите

На снимката што ја објави јавниот сервис Кан се гледа како неколку вознимирени родители се соочуваат со обвинетите, додека припадници на обезбедувањето ги одведуваат.

Обвинителството побара сите три обвинети да останат во притвор до завршувањето на судската постапка.