ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЧИНА 24-ГОДИШНИОТ УБИЕЦ ОД КРАКОВ: По шесте жртви на плоштадот, полицијата откри уште три тела во неговиот семеен дом!

ПОЧИНА 24-ГОДИШНИОТ УБИЕЦ ОД КРАКОВ: По шесте жртви на плоштадот, полицијата откри уште три тела во неговиот семеен дом!

Дваесет и четиригодишниот Михал Оксињски, кој завчера во полскиот град Краков уби шест лица, а повреди уште 15, починал рано утринава во болница. Тој им подлегнал на тешките повреди што ги здобил за време на полициската интервенција по нападот, потврдија локалните власти, а пренесе Би-Би-Си.

„Би сакале да ве информираме дека сторителот на трагичните настани почина во болница рано утринава“, соопштила Малополската полиција преку објава на социјалната мрежа Икс.

Нападот се случил завчера, околу 15 часот, на главниот плоштад во Краков. Според досегашните информации, Оксињски пристигнал со автомобил на плоштадот и отворил оган кон луѓето кои се наоѓале во близина, меѓу кои имало минувачи, туристи и таксисти.

Во нападот животот го загубиле шест лица на возраст од 32 до 61 година, меѓу кои и еден австриски државјанин. Уште 15 лица биле повредени, а дел од нив имале потреба од медицинска помош.

СЛЕДЕЛА ПОТЕРА, А ПОТОА И ПРЕСРЕТКА СО ПОЛИЦИЈАТА

По нападот, полициските службеници веднаш започнале потрага по осомничениот, кој се движел со црн автомобил „Субару“. Потерата завршила откако неговото возило удрило во запрен автомобил на една крстосница.

По судирот, Оксињски излегол од автомобилот облечен во воена опрема, со шлем, маска и тактички елек, по што дошло до вооружена пресметка со полициските службеници.

Во инцидентот биле тешко повредени двајца полицајци. Еден од нив, и покрај сопствените повреди, успеал да го совлада напаѓачот и да го застрела. Оксињски со повреди опасни по живот бил пренесен во болница, каде што подоцна починал.

ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИЛА УШТЕ ТРИ ЖРТВИ ВО НЕГОВИОТ СЕМЕЕН ДОМ

Во текот на истрагата, полските истражители дошле до уште едно шокантно откритие во родниот град на осомничениот, Островјец Свјентокшиски, кој се наоѓа на околу два часа возење од Краков.

Во семејниот стан биле пронајдени телата на неговиот 52-годишен татко, 51-годишната мајка и 21-годишната сестра. Според информациите од истрагата, тројцата биле убиени со огнено оружје пред Оксињски да замине во Краков, каде што го извршил нападот на главниот плоштад.

Со ова откритие, истрагата добила дополнителна димензија, бидејќи се појавиле информации за уште три жртви поврзани со осомничениот, покрај шесте лица убиени во Краков.

Полските власти продолжуваат со утврдување на сите околности поврзани со двата крвави настани, како и мотивите што довеле до нивното извршување.