ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО ТЕТОВО - Одлуката за раздвојување на мажи и жени на базен може да заврши пред Уставниот суд

СКАНДАЛ ВО ТЕТОВО - Одлуката за раздвојување на мажи и жени на базен може да заврши пред Уставниот суд

Одлуката на градскиот базен во Тетово да се воведат посебни термини за капење на жени и мажи предизвика бурни реакции и политички несогласувања. Според советникот од Левица, Боби Илиевски, ваквата мерка не била разгледана ниту усвоена од Советот на Општина Тетово, туку, како што тврди, била донесена директно од градоначалникот Билал Касами.

Илиевски смета дека со ова се прекршуваат процедурите, бидејќи промените во начинот на користење на базенот, како и термините и цените на билетите, треба да бидат одобрени од Советот. Тој предупредува дека ваквата практика отвора сериозни прашања за законитоста на донесената одлука.

Според најавите, случајот би можел да добие и судска разрешница. Доколку се утврди дека одлуката е донесена без соодветна процедура и законска основа, можно е прашањето да заврши пред Уставниот суд, кој би оценувал дали се повредени уставните и законските принципи.

Темата веќе предизвикува поделени реакции во јавноста. Дел од граѓаните ја поддржуваат мерката, додека други сметаат дека таа создава нееднаков пристап до јавните услуги и не смее да се спроведува без јасна законска процедура. Сега останува да се види дали институциите ќе поведат постапка и каква ќе биде конечната разврска.