ПРВ.мк
Балкан

Вучиќ со шокантна изјава: Три европски тајни служби зад протестите во Србија?

Вучиќ со шокантна изјава: Три европски тајни служби зад протестите во Србија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно предизвика жестоки реакции со своите тврдења дека во протестите против неговата власт директно се вклучени дури три европски тајни служби. Иако изјави дека „не може да каже кои“, тој остави простор за шпекулации и сомнежи кои дополнително ја зголемуваат политичката тензија во земјата.

Од друга страна, во европските дипломатски кругови владее став дека ваквите обвинувања се дел од пропагандна игра, особено откако рускиот СВР порача дека ЕУ наводно подготвува „Мајдан“ во Србија. Според нив, српската власт свесно ја пренесува оваа порака за да ги дискредитира демонстрантите и протестите кои добиваат се поголема поддршка.

Европските аналитичари нагласуваат дека пропагандата не запира тука – блиските до власта медиуми шират информации дека демонстрантите, кои Вучиќ ги нарекува „блокатори“, планирале насилни акции и екстремни сценарија. Ваквите тврдења доаѓаат непосредно пред годишнината од падот на крошната, што дополнително ја вжештува атмосферата во Белград и пошироко.

Додека Вучиќ се обидува да ја претстави кризата како резултат на странски влијанија, опозицијата и дел од јавноста гледаат во тоа уште еден обид за дефокусирање од реалните проблеми во Србија. Сепак, неговата изјава остава многу отворени прашања – дали навистина постои странска вмешаност или станува збор за политичка стратегија за одржување на контролата?

Ситуацијата во Србија станува сè понапната, а јавноста очекува одговори кои засега остануваат без јасни докази.