ПРВ.мк
Балкан

Нема бегство од правдата: Масовен убиец доби највисока казна затвор

Нема бегство од правдата: Масовен убиец доби највисока казна затвор

Крешимир Пахоки, 52-годишен поранешен воен полицаец, беше осуден на 50 години затвор од Окружниот суд во Бјеловар за ужасното масовно убиство во Домот за стари лица „Вианеј“ во Дарувар. Тој беше прогласен за виновен за 13 кривични дела, меѓу кои пет тешки убиства и обиди за убиство.

Инцидентот се случи на 22 јули 2024 година кога Пахоки, кој дошол да плати долг за сместувањето на неговата мајка, одеднаш извлекол пиштол и почнал да пука кон присутните. Во нападот уби шест лица, меѓу кои негувател и неговата мајка, додека шестмина беа повредени.

По злосторството, Пахоки побегнал во блиското кафуле, но полицијата брзо го уапсила. На судењето се изјасни за невин и тврдеше дека се брани. Психијатрискиот преглед покажа дека е психички здрав, но со карактеристики на нарцисоидно и антисоцијално растројство на личноста. Времето поминато во притвор е вклучено во казната, а неговиот притвор е продолжен додека пресудата не стане правосилна.