Сè повеќе Албанци се откажуваат од своето државјанство, покажуваат официјалните податоци за 2025 година. Во првата половина од годинава, 103 лица се откажале од албански пасош, што е помалку од истиот период минатата година кога бројката изнесувала 315, но трендот сепак останува алармантен.
Главната причина поради која граѓаните се откажуваат од албанското државјанство е стекнување на нов пасош – најчесто германски или француски – каде што законите не дозволуваат двојно државјанство.
Според статистиката, минатата година била рекордна со дури 900 откажувања од албанскиот пасош. А ако се погледне пошироката слика, од 2004 до 2024 година околу 522.000 Албанци официјално се откажале од своето државјанство.
Овој феномен го отвора прашањето за иднината на Албанија и предизвиците со кои државата ќе се соочи ако континуирано останува без значителен број граѓани кои бараат подобри можности надвор од границите.