ПРВ.мк
Балкан

Филмско апсење во трговски центар: Осомничени дека изнудиле 20.000 евра (ВИДЕО)

Филмско апсење во трговски центар: Осомничени дека изнудиле 20.000 евра (ВИДЕО)

Во Белград се уапсени 19-годишниот П.П. и две малолетни лица под сомнение дека извршиле изнуда и од 54-годишен маж противправно прибавиле 20.000 евра.

Акцијата била спроведена во и пред познат трговски центар во Белград. Според објавените снимки од српското МВР, полицајци во цивилна облека интервенирале на повеќе локации – еден од осомничените бил уапсен во кафуле, додека другите двајца биле пресретнати пред трговскиот центар.

Во полициската акција учествувале припадници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за борба против организиран криминал, Одделението за посебни акции, како и други полициски структури и Безбедносно-информативната агенција.

Според српското МВР, осомничените се доведуваат во врска со криминална група, а се сомничат дека со извршувањето на кривичното дело прибавиле противправна имотна корист од 20.000 евра, на штета на 54-годишен маж.

На П.П. му е одредено задржување до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведен пред надлежното обвинителство. Двете малолетни лица се приведени во Вишото јавно обвинителство – Одделение за малолетници, за понатамошна постапка.