ПРВ.мк
Балкан

ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ: Маж и жена претепале 15-годишно момче и го пикнале во багажник!

ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ: Маж и жена претепале 15-годишно момче и го пикнале во багажник!

Две лица се уапсени под сомнение дека извршиле грабнување, мачење и противправно лишување од слобода на 15-годишен малолетник во Врњачка Бања, Србија.

Според информациите од Полициската управа во Краљево, инцидентот се случил синоќа околу 22 часот на Зелениот булевар. Осомничените П. В. (48) и А. П. (48) му пришле на момчето и почнале физички да го нападаат, нанесувајќи му повеќе удари. Потоа, П. В. со сила го ставил малолетникот во багажникот од автомобилот и го одвел до друг паркинг простор, каде што продолжил повторно да го тепа.

По повеќекратните молби на преплашеното момче да го пуштат, напаѓачот го ослободил.

Повредениот тинејџер итно бил пренесен и згрижен во Општата болница „Студеница“ во Краљево, каде што лекарите му констатирале лесни телесни повреди.

Полицијата му одреди 48-часовен притвор на осомничениот П. В., кој со кривична пријава ќе биде изведен пред Основното јавно обвинителство во Краљево, додека против А. П. е поднесена пријава во редовна постапка за соизвршителство.

Најнови вести