Денеска во Македонија се очекува претежно сончево и топло време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен северозападен ветер, а неговата брзина на одделни места, особено во Повардарието, може да достигне до 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека дневните максимални температури ќе достигнат од 30 до 37 степени. Во Велес се очекува топло и сончево време, со температури кои во текот на денот ќе бидат меѓу повисоките во земјата.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со повремена мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се спушти до 16 степени, а во текот на денот се очекува да достигне максимални 33 степени.







