ПРВ.мк
Топ Вести

УБАВИ ВЕСТИ ЗА ВИКЕНДОТ: Стабилно време - но еве од Вторник какво време не очекува!

УБАВИ ВЕСТИ ЗА ВИКЕНДОТ: Стабилно време - но еве од Вторник какво време не очекува!
Kristal

За време на претстојниот викенд времето ќе биде стабилно и без поголеми атмосферски нарушувања, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во сабота и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви интервали. Во утринските часови, особено во котлините, се очекува појава на магла и ниска облачност. Ветерот ќе биде слаб и ќе дува главно од југоисток.

Утринските температури ќе се движат од минус 3 до 2 степени Целзиусови, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 6 и 13 степени.

Во Скопје, за време на викендот се прогнозира мирно и променливо облачно време, со зачестена магла во раните утрински часови. Минималната температура ќе се спушта до околу -3 степени, а максималната дневна ќе достигнува приближно 8 степени.

Од УХМР информираат дека стабилните временски услови ќе продолжат и во почетокот на следната недела, сè до вторник. Потоа, кон крајот на денот и во наредниот период, се очекува појава на повремени локални врнежи од дожд, а на планинските и повисоките предели врнежите ќе преминуваат во снег.

FixCredit
Escape