ПРВ.мк
Македонија

ШТЕДЕЊЕ И ОДГОВОРНОСТ: Градоначалникот на Пробиштип најави сопствени новогодишни украси - еве што им порача на граѓаните!

ШТЕДЕЊЕ И ОДГОВОРНОСТ: Градоначалникот на Пробиштип најави сопствени новогодишни украси - еве што им порача на граѓаните!
Kristal

Општина Пробиштип годинава ќе го реализира новогодишното украсување на значително поекономичен начин, користејќи декорации од претходните години, соопшти градоначалникот Тони Тоневски.

Тој појасни дека поради финансиските обврски на општината и понудената цена од 30.000 евра на распишаниот тендер, донесена е одлука празничното уредување да се спроведе без издвојување средства од општинскиот буџет.

„Новогодишната декорација ќе се реализира со постојните украси, дополнети со светилки кои ни беа бесплатно отстапени за време на празничниот период“, изјави Тоневски.

Градоначалникот информираше дека средствата кои вообичаено би се трошеле за украсување, по завршувањето на празниците ќе бидат пренаменети за лекување на млад сограѓанин, за кого веќе подолго време се организираат хуманитарни акции низ државата.

„Како локална самоуправа и како луѓе, наша обврска е да помогнеме таму каде што е најпотребно. Кога станува збор за здравје и човечки живот, приоритетите се јасни“, нагласи Тоневски.

На крајот, градоначалникот им упати честитки и желби за мирни, топли и радосни празници на сите жители на Пробиштип.

FixCredit
Escape