ПРВ.мк
Свет

МАРАТОНСКО ОБРАЌАЊЕ: Путин со часови одговараше на прашања - што откри Путин?

МАРАТОНСКО ОБРАЌАЊЕ: Путин со часови одговараше на прашања - што откри Путин?
Kristal

Годишната средба на рускиот претседател Владимир Путин со медиумите и граѓаните траеше околу четири и пол часа, во текот на кои тој одговараше на селектирани новинарски прашања, телефонски вклучувања и пораки испратени од граѓани, кои во живо беа прикажувани на голем екран.

Од Кремљ информираа дека пристигнале околу 2,6 милиони прашања, а настанот беше претставен како доказ за транспарентноста на претседателот и неговата поврзаност со јавноста.

Најголем дел од излагањата на Путин беа посветени на војната во Украина, односите со Западот и Европската Унија, санкциите и економската состојба во земјата. Сепак, тој одговараше и на лични, необични, па дури и саркастични пораки од граѓаните.

Во делот наречен „директна линија“, граѓаните се жалеа на честите прекини на интернет и водоснабдување, високите животни трошоци и незадоволителните јавни услуги. Во една од пораките, оваа комуникација беше опишана како „циркус, а не вистинска директна линија“.

Меѓу прашањата се најде и провокативна споредба – зошто обичните граѓани во Русија, според испраќачот, живеат полошо од луѓето во Папуа Нова Гвинеја.

Путин одговараше и на лични теми, па на прашањето дали е вљубен одговори потврдно, како и на тоа дали понекогаш инкогнито се вози низ Москва за да ја почувствува реалната состојба во земјата. Запрашан дали има вистински пријател, тој изјави дека вистинското пријателство подразбира целосна несебичност и взаемна почит.

Како куриозитет, студентот Кирил Бажанов (23) ја искористи можноста јавно да ја запроси својата девојка Олга, наведувајќи дека таа ја следи прес-конференцијата на телевизија. Тој му упати и покана на Путин за свадбата, по што постави прашање за финансиската поддршка за младите семејства.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape