ПРВ.мк
Свет

СЕРИОЗЕН РИЗИК: „Форд“ повлекува стотици илјади возила на поправка - ова е причината!

СЕРИОЗЕН РИЗИК: „Форд“ повлекува стотици илјади возила на поправка - ова е причината!
Kristal

Американската автомобилска компанија „Форд“ најави повлекување на над 270.000 пикап и СУВ возила со електричен и хибриден погон, дел од кои биле пласирани на американскиот пазар во изминатите години.

Како што информира производителот, причината е софтверски дефект во системот за контрола на менувачот, поради кој возилата во позиција „паркинг“ не се целосно обезбедени. Ова може да доведе до нивно ненамерно движење, особено на наклон, како и да ја зголеми можноста за кражба.

Од компанијата наведуваат дека проблемот ќе биде решен со бесплатно софтверско ажурирање на модулот кој го управува режимот за паркирање, со што ќе се елиминира ризикот од вакви инциденти.

Од седиштето на „Форд“ во Детроит соопштија дека сопствениците на погодените возила веќе се известуваат. Станува збор за моделите F-150 Lightning BEV произведени од 2022 до 2025 година, Mustang Mach-E од моделските години 2024 до 2026, како и моделот Maverick од 2025 и 2026 година, кои ќе треба да бидат донесени во овластен сервис.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape