ПРВ.мк
Магазин

НОВОГОДИШНА МАГИЈА: Град што слави Нова година два пати - зошто сите одат таму?

НОВОГОДИШНА МАГИЈА: Град што слави Нова година два пати - зошто сите одат таму?
Kristal

Доколку барате новогодишна прослава што не завршува со последниот отчукувач на часовникот на полноќ, туку продолжува до изгрејсонце, една европска метропола нуди искуство што тешко се надминува. Според магазинот „Тајм аут“, токму таму влегувањето во 2026 година е вистински спектакл, исполнет со две одбројувања, улични забави, клубска сцена и традиции со вековна историја.

Со Нова година што е сè поблиску, изборот на дестинација станува клучен – затоа што разликата меѓу незаборавна ноќ и разочарувачки дочек често е само една погрешна одлука.

Иако овој празник се слави низ целиот свет – од раскошни огномети во мегалополиси до скромни улични прослави во мали градови – не секоја новогодишна ноќ вреди за мамурлакот што ја следи. Токму затоа „Тајм аут“ побара совет од својата патувачка авторка Дана Камилери Кларк, која Новата година ја дочекала во дури десет европски градови.

Нејзиниот избор за најдобра новогодишна забава во Европа е јасен – Мадрид.

Шпанската престолнина не штеди кога станува збор за славење, а Новата година ја третира како маратон, а не како спринт. Како што објаснува Кларк, полноќ е само почеток на забавата, која трае до раните утрински часови. Посебна атракција е второто одбројување во еден часот по полноќ, кога Канарските Острови симболично „ја стигнуваат“ остатокот од Шпанија, што им дава на присутните уште една причина за славење.

Епицентарот на прославата е легендарниот плоштад Пуерта дел Сол, но речиси секој ресторан, бар и ноќен клуб низ градот организира сопствена новогодишна забава, што значи дека изборот е практично неограничен.

Сепак, дочекот во Мадрид не се сведува само на забава и музика. Градот негува и силни новогодишни традиции, кои туристите со задоволство ги прифаќаат. Најпознатата меѓу нив е „las doce uvas de la suerte“ – обичај стар повеќе од еден век, според кој на полноќ се јадат 12 зрна грозје, по едно за секое отчукување на часовникот, како симбол за среќа во новата година. Иако не е лесно да се следи ритамот, токму во тоа се крие забавата.

Искусните патници советуваат грозјето да се купи навреме, бидејќи во деновите пред Нова година рафтовите во продавниците брзо се празнат.

На листата на „Тајм аут“ за најдобри европски дестинации за дочек на 2026 година, Берлин се најде веднаш зад Мадрид, додека третото место му припадна на Милано, кој нуди посмирена атмосфера, помалку клубска бучава, но препознатлив италијански шарм.

FixCredit
Escape