ПРВ.мк
Магазин

Роденден на легендата: Бред Пит и три децении холивудска доминација

Роденден на легендата: Бред Пит и три децении холивудска доминација
Kristal

Холивудската ѕвезда Бред Пит денес го одбележува својот 62-ри роденден. Актерот кој ги освојуваше срцата на милиони обожаватели уште во времето кога социјалните мрежи не постоеја, веќе повеќе од три децении е едно од најпрепознатливите имиња во светската филмска индустрија.

Роден на 18 декември 1963 година во Шони, Оклахома, Пит детството го поминал во Мисури. Иако студирал новинарство и рекламирање, само две недели пред дипломирањето донел храбра одлука – да го напушти факултетот и да замине во Лос Анџелес во потрага по актерска кариера. Одлука што подоцна ќе се покаже како пресвртна не само за него, туку и за Холивуд.

Првите чекори на малите екрани ги направи кон крајот на осумдесеттите години, но светската публика го забележа во 1991 година, кога се појави во филмот „Телма и Луиз“. Иако сцената беше кратка, улогата беше доволна за да го вивне меѓу новите ѕвезди и да го стави под лупа на филмската индустрија.

Во текот на деведесеттите, Пит изгради силна и разновидна кариера, избирајќи улоги кои често излегуваа од рамките на класичниот холивудски шаблон. Иако редовно беше прогласуван за еден од најзгодните мажи на светот, со текот на годините тој се наметна и како сериозен актер, подготвен да ризикува и да прифати сложени и нетипични ликови.

Последниве години, вниманието на јавноста често беше насочено кон неговиот приватен живот, особено по бурниот развод од Анџелина Џоли. Според медиумските извештаи, односите со дел од неговите деца се нарушени, а некои од нив дури престанале јавно да го користат неговото презиме. Пит ретко зборува за оваа тема, која останува една од најделикатните во неговиот живот.

Во љубовниот план, актерот денес живее значително подискретно отколку во минатото. Од 2022 година е во врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон, а според блиски извори, Пит се наоѓа во мирна и стабилна животна фаза, далеку од холивудските турбуленции што со години го следеа.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape