Во Скопје е во тек потрага по Давид, младо лице со аутизам, кој денес го напуштил својот дом во населбата Црниче и оттогаш му се губи трагата.
Според објавениот апел за помош, Давид последен пат бил забележан околу 15:30 часот. Постои можност да се движи од Црниче во правец на црквата „Св. Петка“ или кон населбата Кисела Вода.

Опис на Давид:
- Висок е околу 185 сантиметри.
- Носи црн дуксер и сиви долни тренерки.
Граѓаните кои ќе го забележат или располагаат со каква било информација што може да помогне во неговото пронаоѓање се повикуваат веднаш да се јават во полиција.
Контакти за пријавување:
- Полиција: 192 или 112
- Контакт телефон: 071 706 233
Во апелот се посочува дека доколку некој го забележи Давид, треба да му пристапи смирено, без нагли движења.
Секоја информација може да биде важна. Граѓаните се повикуваат да ја споделат објавата за апелот да стигне до што поголем број луѓе во Скопје и околината, со надеж дека Давид безбедно ќе биде пронајден и вратен дома.







