ПРВ.мк
Магазин

Мал гест со големо срце: На Водно осамна новогодишна елка што ги разнежни минувачите

Мал гест со големо срце: На Водно осамна новогодишна елка што ги разнежни минувачите
Kristal

Необичен, но топол празничен призор ги пречека планинарите и случајните минувачи на Водно – новогодишна елка накитена со една единствена цел: да донесе радост. Зад идејата стои девојка од Скопје која редовно пешачи на планината и решила, без никаква промоција, да направи нешто убаво за другите.

Како што раскажува, инспирацијата дошла сосема спонтано. Додека се симнувала по новогодишната патека, забележала деца со изморени лица и црвени образи кои се искачувале нагоре. Во тој момент, ѝ се родила идеја – мало изненадување што ќе им го разубави патот и ќе им донесе празнично расположение.

Иако на Водно со години постои една накитена елка што ја знаат поискусните планинари, оваа е сосема нова и се појави токму во празничниот период. Брзо го привлече вниманието и почна да мами насмевки, особено кај најмладите посетители.

Девојката, која не сакала јавно да се експонира, нагласува дека фокусот не треба да биде на неа, туку на самата идеја. Освен што ја накитила елката, таа оставила можност пешаците да застанат, да си одморат и дури да напишат новогодишна желба.

Овој мал, но искрен гест стана доказ дека понекогаш не се потребни големи акции за да се направи нешто значајно – доволна е добра намера и желба да се израдува некој непознат.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape