ПРВ.мк
Црна Хроника

МЕЃУНАРОДЕН ИНЦИДЕНТ: Тинејџери од Македонија уапсени во Швајцарија - ова е причината!

МЕЃУНАРОДЕН ИНЦИДЕНТ: Тинејџери од Македонија уапсени во Швајцарија - ова е причината!
Kristal

Швајцарската полиција во градот Винтертур приведе шест лица по насилен инцидент што се случил во вторникот навечер. Меѓу уапсените има и двајца малолетници од Северна Македонија, на возраст од 15 и 17 години.

Настанот бил пријавен нешто пред 21 часот во населбата Винтертур-Сенхоф, откако службите добиле дојава за лице кое лежи на улица со повреди во пределот на главата. По пристигнувањето, полициските патроли затекнале повеќе лица вмешани во физичка пресметка.

Расправија што ескалирала во насилство

Според првичните сознанија од истрагата, конфликтот започнал како вербална расправија, но брзо прераснал во тепачка, при што бил употребен и бибер-спреј. Три лица, сите државјани на Сирија на возраст од 48, 18 и 17 години, се здобиле со полесни телесни повреди и со итна помош биле пренесени во болница.

Повреден бил и 15-годишен тинејџер од Северна Македонија, кој, според полицијата, сам се јавил на лекар за дополнителни прегледи.

Приведени шест лица

Полицијата привела и испрашала вкупно шест учесници во инцидентот. Меѓу нив се:

  • трите повредени лица од Сирија,
  • двајца малолетни државјани на Северна Македонија (15 и 17 години),
  • еден 16-годишен државјанин на Швајцарија.

Сите инволвирани ќе бидат процесуирани согласно швајцарските закони, а постапките ќе ги водат Обвинителството за малолетници или надлежното јавно обвинителство, зависно од возраста на осомничените.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape