Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, ќе донесе рекорден награден фонд од 871 милион долари, што е речиси двојно повеќе во споредба со Мундијалот во Катар во 2022 година.
Паричниот фонд ќе биде распределен меѓу сите 48 репрезентации, а висината на наградата ќе зависи од пласманот што ќе го остварат на турнирот.
Секоја селекција што ќе настапи на Светското првенство ќе добие најмалку 13,225 милиони долари, додека новиот светски шампион ќе инкасира рекордни 50 милиони долари – најголемата премија досега доделена на едно Светско првенство.
Награден фонд по пласман:
- 33. до 48. место (елиминација во групната фаза): 13,225 милиони долари
- 17. до 32. место (1/16-финале): 15,525 милиони долари
- 9. до 16. место (осминафинале): 20,125 милиони долари
- 5. до 8. место (четвртфинале): 24,725 милиони долари
- 4. место: 27 милиони долари
- 3. место: 29 милиони долари
- Финалист: 33 милиони долари
- Светски шампион: 50 милиони долари
Ова ќе биде првото Светско првенство во историјата на кое ќе настапат 48 репрезентации, што дополнително придонесува за зголемувањето на вкупниот награден фонд и финансиските приходи за националните федерации.










