ПРВ.мк
Македонија

За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи

За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена сообраќајна контрола на територијата на целата држава, насочена кон прекршоците што ги прават пешаците, како и кон однесувањето на возачите во однос на пешаците.

Акцијата била спроведена во периодот од 08:00 до 13:00 часот, при што биле констатирани и санкционирани вкупно 221 прекршок.

Од нив, 147 пешаци биле санкционирани поради небезбедно преминување на коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека 25 возачи биле казнети затоа што не пропуштиле пешаци на обележан пешачки премин.

За време на контролата биле санкционирани и дополнителни 179 возачи за други видови сообраќајни прекршоци.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Полицијата апелира до пешаците да го преминуваат коловозот на обележани пешачки премини, а до возачите да ја приспособат брзината и да им овозможат безбедно и непречено преминување.

Од Министерството потсетуваат дека безбедноста на пешаците е заедничка одговорност и дека почитувањето на сообраќајните правила е еден од клучните предуслови за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.