Министерот за здравство Сашо Клековски оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Македонија, Н.Е. Сецуко Кавахара, на која се разговараше за досегашната поддршка и можностите за понатамошно унапредување на соработката во здравството.
Клековски изрази благодарност за долгогодишната поддршка што Јапонија ја обезбедува за македонскиот здравствен систем, истакнувајќи дека таа директно придонесува за подобри услови за пациентите и здравствените работници.
Една од темите на средбата била соработката со јапонските фармацевтски компании и можностите таа дополнително да се прошири во иднина.
Посебно внимание било посветено и на можностите за соработка во радиотерапијата и нуклеарната медицина, области во кои јапонското знаење, технологија и искуство можат да придонесат за понатамошен развој на здравствените услуги во земјава.
Клековски оцени дека Јапонија е долгогодишен партнер на македонскиот здравствен систем и изрази очекување соработката да продолжи и да се проширува со нови конкретни проекти.







