ПРВ.мк
Топ Вести

Интернетот повторно се тресе: По Фејсбук, падна и Инстаграм - еве што се случува!

Интернетот повторно се тресе: По Фејсбук, падна и Инстаграм - еве што се случува!

Социјалната мрежа Инстаграм во моментов има технички проблеми, откако претходно корисници ширум светот пријавија дека не можат да пристапат до Фејсбук.

Кај дел од корисниците, при отворање на апликацијата се појавува пораката „Welcome to Instagram“, но не се прикажуваат содржините од профилите и почетната страница.

Проблемите со Инстаграм следуваат по прекинот на работата на Фејсбук, каде од утрово корисниците пријавуваат проблеми со пристапот до своите профили.

При обид за најавување, дел од корисниците добиваат известување дека профилот моментално е недостапен поради проблем со страницата и дека се очекува проблемот наскоро да биде решен.

Засега нема официјално објаснување од компанијата Мета за причината за прекините.