Белградската полиција уапси 30-годишен турски државјанин, осомничен дека со закана со нож ограбувал граѓани на Врачар и им одземал мобилни телефони.
Според неофицијални информации на српските медиуми, на И.Г. (30) му е одредена мерка задржување до 48 часа, откако во петокот нападнал полицаец кој се обидел да го приведе по извршувањето на кривичното дело.
Се сомнева дека во Курсулина улица во Белград, вооружен со нож, од две лица одзел два мобилни телефона.
При обидот за апсење, осомничениот физички го нападнал полицаецот и почнал да го удира.
По приведувањето, против него е поднесена кривична пријава и се товари за разбојништво и спречување службено лице во вршење службена должност.








