ПРВ.мк
Свет

ШПАНИЈА ВО ТРЕВОГА: Огнената стихија носи се пред себе - ова е бројот на пожарникари кои се борат со огнот!

ШПАНИЈА ВО ТРЕВОГА: Огнената стихија носи се пред себе - ова е бројот на пожарникари кои се борат со огнот!

Голем шумски пожар североисточно од Мадрид сè уште е надвор од контрола, а според шпанските власти досега зафатил површина од околу 13.000 хектари.

Пожарот продолжува да се шири, а јавниот радиодифузер RTVE објави дека во текот на ноќта огнената линија напредувала дополнителни 14 километри.

Во гаснењето учествуваат повеќе од 500 пожарникари и припадници на службите за итни случаи, кои работат на создавање заштитни појаси и спречување на понатамошното ширење на огнот. На копнените екипи им помагаат и 25 авиони за гаснење пожари.

Регионалната министерка за животна средина, Мерцедес Гомез, изјави дека превентивно биле евакуирани 20 општини со околу 800 жители. Засега пожарот успешно се држи подалеку од населените места.

Ширењето на огнот дополнително го поттикнуваат долготрајната суша и ниската влажност на воздухот, поради што ризикот од шумски пожари е зголемен низ поголем дел од Шпанија.

Според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), од почетокот на годината шумските пожари во Шпанија уништиле повеќе од 80.000 хектари шума, што е речиси двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Најнови вести