ПРВ.мк
Спорт

Меси испрати моќна порака пред големото финале – зборови што одекнаа низ светот!

Меси испрати моќна порака пред големото финале – зборови што одекнаа низ светот!

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, испрати емотивна порака пред големото финале на Светското првенство против Шпанија, нагласувајќи дека оваа генерација веќе оставила трага во историјата на аргентинскиот фудбал.

Аргентина и Шпанија вечерва од 23 часот во Њујорк ќе се борат за светската титула, а Меси преку социјалните мрежи им се заблагодари на своите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе кои се дел од националниот тим.

„Најубавиот дел од сите овие години никогаш не беа само трофеите, туку заедничкото патување – секојдневието со овој тим, натпреварувањето, меѓусебната поддршка во тешките моменти и радоста во секој чекор. Благодарам на секој соиграч, на стручниот штаб и на сите кои секојдневно работат оваа репрезентација да биде семејство“, напиша Меси.

Капитенот порача дека без разлика на резултатот во финалето, тимот веќе постигнал нешто големо.

„Што и да се случи во финалето, овој тим веќе создаде приказна што никогаш нема да ја заборавиме и никој нема да може да ја избрише. Напред, Аргентина“, порача тој.

Аргентина ќе има шанса да ја одбрани титулата освоена пред четири години. Доколку ја победи Шпанија, ќе стане само третата репрезентација во историјата со две последователни светски титули, по Италија и Бразил. Последен пат тоа му успеа на Бразил во 1962 година.

И покрај тоа што има 39 години, Меси останува еден од најважните играчи на аргентинската селекција. На ова Светско првенство постигна осум голови и четири асистенции, а ги одигра сите минути во нокаут-фазата.

Најнови вести