ПРВ.мк
Топ Вести

ГОЛЕМА БИТКА ЗА МЛАД ЖИВОТ: Македонец со сериозна повреда успешно транспортиран од Турција - еве како продолжува неговото лекување!

ГОЛЕМА БИТКА ЗА МЛАД ЖИВОТ: Македонец со сериозна повреда успешно транспортиран од Турција - еве како продолжува неговото лекување!

Млад македонски државјанин, кој се здобил со сериозна повреда на ’рбетниот мозок за време на одмор во Турција, е успешно пренесен во земјава преку организиран воздушен медицински транспорт.

Инцидентот се случил кога момчето паднало од тобоган за време на престој во Кушадаси. На 23 јули му била извршена итна хируршка интервенција во локална болница, каде што останало на болничко лекување се до организирањето на транспортот.

По препорака на турските лекари и поради крајната сериозност на повредата, Министерството за здравство во соработка со Владата, СОЗР и стручни медицински тимови организираше транспорт со владин авион. Специјализиран медицински тим, предводен од д-р Марта Тренева, раководителка на КАРИЛ, заминал во Турција за да го преземе пациентот и да му обезбеди постојан надзор за време на летот до Скопје.

Пациентот моментално е хоспитализиран на Одделот за интензивно лекување при Клиниката за ТОАРИЛУЦ. Во наредниот период ќе му бидат направени дополнителни дијагностички испитувања за да се дефинира понатамошниот тек на лекувањето, а во зависност од неговата состојба, планирана е и специјализирана физикална терапија во домашниот спинален центар.