ПРВ.мк
Економија

НЛБ БАНКА СО ВАЖНА ПОРАКА: Граѓаните да обрнат внимание на ова известување!

НЛБ БАНКА СО ВАЖНА ПОРАКА: Граѓаните да обрнат внимание на ова известување!

НЛБ Банка упати предупредување до граѓаните за нов обид за фишинг (phishing) измама, во кој се злоупотребуваат името и брендот на банката преку лажни СМС-пораки. Во спорните пораки од примателите се бара итно „ажурирање на сметката“ преку приложен линк, со предупредување дека во спротивно нивната сметка ќе биде блокирана.

Од банката категорично информираат дека не стојат зад овие пораки и апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични податоци, броеви од платежни картички, лозинки или ПИН-кодови. Измамниците ги користат овие лажни интернет-страници за да создадат чувство на итност и да дојдат до доверливи информации за неовластен пристап до паричните средства.

Од НЛБ потсетуваат дека банката никогаш не бара доверливи податоци преку СМС-порака. Доколку некој веќе го отворил линкот и ги внесол своите податоци, се советува веднаш да ја контактира банката на телефонскиот број 02/15 600 или преку е-поштата [email protected] со цел навремена заштита.