ПРВ.мк
Топ Вести

ТЛОТО НЕ МИРУВА: Регистриран силен земјотрес со јачина од 5,5 степени - еве каде е епицентарот!

ТЛОТО НЕ МИРУВА: Регистриран силен земјотрес со јачина од 5,5 степени - еве каде е епицентарот!

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Алјаска, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од само пет километри, што значи дека потресот се случил релативно плитко под земјината површина.

Земјотресот бил регистриран на околу 171 километар од градот Енкориџ, еден од најголемите градови во Алјаска.

Засега нема пријави за повредени лица или причинета материјална штета. Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата и евентуалните последици од земјотресот.