ПРВ.мк
Македонија

Клековски: Напредок во реформските чекори на Министерството за здравство

Клековски: Напредок во реформските чекори на Министерството за здравство

Министерот за здравство Сашо Клековски учествуваше на онлајн состанок во Владата со претставници на Европската комисија, посветен на напредокот во спроведувањето на Реформската агенда.

На состанокот, Клековски го презентираше напредокот во реформските чекори за кои е надлежно Министерството за здравство, со посебен фокус на политиките за контрола на дроги и нови психоактивни супстанции.

Меѓу клучните активности е подготовката на нова Национална стратегија за дроги за периодот 2027–2031 година, како и измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Министерството работи и на воспоставување и зајакнување на Националната опсерваторија за дроги, која треба да овозможи подобро следење на состојбите и навремено креирање политики врз основа на релевантни податоци.

Во рамки на реформите е предвидено и склучување Работен аранжман со Агенцијата на Европската унија за дроги – EUDA, како и воспоставување систем за рано предупредување за појава на нови психоактивни супстанции.

Со овие чекори Министерството за здравство продолжува со усогласување на националните механизми со европските стандарди и со зајакнување на институционалниот одговор на современите предизвици поврзани со дрогите и зависностите.