Драматичен инцидент се случил вчера на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, каде маж со закана ограбил малолетна девојка.
Според пријавата што мајката А.А. (41) ја поднела во СВР Скопје вчера во 16:00 часот, настанот се одиграл околу 14:00 часот. До нејзината малолетна ќерка застанало патничко возило во кое се наоѓале две лица, по што едното од нив со упатени закани успеало да ѝ одземе пари.
МВР презема интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, како и за идентификација и пронаоѓање на сторителите.







