ПРВ.мк
Црна Хроника

ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ: Полицијата истражува што се случило во семејната куќа

ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ: Полицијата истражува што се случило во семејната куќа

Четиригодишно девојче од скопското село Средно Коњари било донесено со тешки телесни повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 21:55 часот, откако од Клиничкиот центар ја известиле полицијата дека кај нив било донесено дете со сериозни повреди.

Според првичните информации, девојчето се повредило два дена претходно, при пад од скали во семејната куќа во селото Средно Коњари.

Поради тежината на повредите, детето било донесено во скопскиот клинички комплекс за медицинска помош.

По добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и започнале со преземање мерки за утврдување на сите околности.

Засега нема дополнителни официјални информации за здравствената состојба на девојчето, ниту за природата на повредите.

Полицијата продолжува со расчистување на случајот.