ПРВ.мк
Црна Хроника

СИЛНИОТ ВЕТЕР НАПРАВИ ХАОС: Две девојчиња и жена повредени по уривање на излог

СИЛНИОТ ВЕТЕР НАПРАВИ ХАОС: Две девојчиња и жена повредени по уривање на излог

Силниот ветер што денеска ја зафати Битола предизвика сериозен инцидент во центарот на градот, при што беа повредени три лица, меѓу кои две девојчиња и една жена.

Несреќата се случила кога излогот и дел од металната конструкција на објектот на Управата за водење на матичните книги се урнале врз тротоарот.

Во инцидентот повреди добиле две малолетни девојчиња и една жена, кои со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола.

Според неофицијалните информации, повредените се здобиле со посекотини, а нивните повреди не се опасни по живот.

Се претпоставува дека причина за уривањето на излогот и металната конструкција бил силниот ветер, кој во текот на денот достигнал значителна брзина.

Според објавените податоци, во Битола ветерот достигнал брзина од 54 километри на час, додека во одредени делови од Пелагонија биле регистрирани удари и до 86 километри на час.

Покрај повредите на трите лица, при уривањето била предизвикана и материјална штета.

Засега нема дополнителни официјални информации за здравствената состојба на повредените, ниту за точните околности што довеле до падот на конструкцијата.

Најнови вести