ПРВ.мк
Свет

КИМ ЏОНГ УН НАПРАВИ НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Го промени симболот што Северна Кореја го користи од 1948 година

КИМ ЏОНГ УН НАПРАВИ НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Го промени симболот што Северна Кореја го користи од 1948 година

Северна Кореја направи историска промена на своето национално знаме, првпат по 78 години од основањето на државата во 1948 година.

Под водство на Ким Џонг Ун, земјата ги измени официјалните пропорции на знамето, со што се напушта досегашниот формат што се користеше речиси осум децении.

Како што објави специјализираниот портал „НК њуз“, промената е потврдена со измените на севернокорејскиот Устав, објавени на официјалната државна веб-страница „Наенара“.

Според новиот член 166, односот меѓу висината и ширината на знамето сега изнесува 1:1,65, наместо досегашниот 1:2.

Тоа значи дека новото знаме ќе биде значително пократко. Доколку висината изнесува еден метар, ширината ќе биде 1,65 метри, наместо досегашните два метра.

Препознатливите црвена, бела и сина боја остануваат непроменети, исто како и црвената петокрака ѕвезда поставена во бел круг.

Според објавените информации, белите ленти што го одделуваат централното црвено поле од сините рабови ќе бидат малку пошироки.

Старото знаме било воведено во 1948 година, во времето на Ким Ил Сунг, дедото на сегашниот севернокорејски лидер, под значително советско влијание.

Аналитичарите сметаат дека промената може да има и политичка симболика, бидејќи Ким Џонг Ун во последните години постепено воведува измени во државните симболи и политиките наследени од неговите претходници.

Меѓу најзначајните промени е напуштањето на традиционалната политика за обединување со Јужна Кореја, која Пјонгјанг сега ја третира како непријателска држава.

Сепак, севернокорејските власти засега не соопштиле официјално објаснување за причините поради кои е одлучено да се променат пропорциите на националното знаме.

Најнови вести