ПРВ.мк
Свет

ПАДНА ОДЛУКА: Европа договори кој ќе преговара со Русија за крај на војната во Украина

ПАДНА ОДЛУКА: Европа договори кој ќе преговара со Русија за крај на војната во Украина

Европските лидери постигнаа договор за тоа кој ќе ја претставува Европа во идните мировни преговори за завршување на војната во Украина.

Одлуката е донесена на самитот во Даблин, по повеќенеделни несогласувања меѓу европските држави околу составот на преговарачкиот тим, објави „Политико“.

Според договорот, Европа ќе ја претставуваат пет држави – Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со претставници на Европската комисија и Европскиот совет.

Станува збор за таканаречениот формат Е5, кој ги обединува петте земји на ниво на советници за национална безбедност.

Одлуката доаѓа во момент кога украинскиот претседател Володимир Зеленски сè погласно бара Европа да добие постојано место на преговарачката маса.

„Мораме да обезбедиме Европа да стане редовен дел од овие преговори“, порача Зеленски за време на состаноците во Даблин.

Претходно, американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за вклучување на европските земји во следната рунда разговори.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласи дека присуството на повеќе претставници не значи откажување од единствен европски став.

„Важно е да имаме тим и да зборуваме со еден глас“, изјави Кошта.

Германската влада го поздрави постигнатиот договор, оценувајќи дека тој го потврдува досегашниот пристап кон мировните преговори.

Од Берлин порачаа дека сега вниманието треба да се насочи кон содржината на евентуалниот мировен договор.

Со оваа одлука Европа настојува да обезбеди директно учество во разговорите што ќе влијаат не само врз иднината на Украина, туку и врз безбедноста на целиот континент.

Најнови вести