ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРЕВОГА КАЈ СОПИШТЕ: Голем пожар зафати нискостеблеста шума - ова е бројот на пожарникари што интервенираат!

ТРЕВОГА КАЈ СОПИШТЕ: Голем пожар зафати нискостеблеста шума - ова е бројот на пожарникари што интервенираат!

Попладнево избувна пожар на територијата на Општина Сопиште, зафаќајќи нискостеблеста шума на потегот меѓу селото Чифлик и селото Света Петка. Според надлежните, засега нема опасност за семејните куќи и жителите во околните населени места.

Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, кој лично е на терен, информира дека интензивно се работи на спречување на ширењето на огнот и дека веќе е направен заштитен коридор за да се спаси шумата на Водно. Во акцијата за гаснење се ангажирани екипи од скопската Противпожарна бригада предводени од командирот Ѕвонко Томевски, припадници на локалното доброволно противпожарно друштво, како и месни жители.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, потврди дека во интервенцијата се вклучени и трите специјализирани авиони „ер трактори“, кои дејствуваат од воздух. Дополнително, на терен се распоредени и четири возила „пинцгауери“, додека сите располагачки институционални и човечки ресурси се насочени кон целосно локализирање и ставање на пожарот под контрола.

Извор: Булерар.мк