ПРВ.мк
Топ Вести

Важна информација за жителите на Центар - Овие улици на 10 август ќе останат без вода

Важна информација за жителите на Центар - Овие улици на 10 август ќе останат без вода

Дел од жителите на општина Центар во понеделник, 10 август 2026 година, ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека прекинот е предизвикан од уличен дефект на улицата „Рајко Жинзифов“ број 32, каде што има проблем на водоводна мрежа со профил Ф-80 милиметри.

Поради интервенцијата, без водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улиците:

  • „Рајко Жинзифов“
  • „Владимир Полежиновски“
  • „Стефан Јакимов – Дедов“
  • „Борка Талевски“

Прекинот на водоснабдувањето е најавен за 8:00 часот, а водата ќе биде повторно пуштена откако целосно ќе биде отстранет дефектот и ќе се создадат услови за нормализирање на снабдувањето.

Од дежурната служба на ЈП „Водовод и Канализација“ дополнително информираат дека, покрај редовните активности за одржување на водоводната и канализациската мрежа, во изминатиот период биле евидентирани вкупно три интервенции.

Од нив, две интервенции биле во општина Карпош, додека една била регистрирана во општина Студеничани.

Жителите на опфатените улици се очекува да имаат прекин во снабдувањето сè до завршувањето на работите на терен.