ПРВ.мк
Балкан

НОВА ДЕТОНАЦИЈА ВО БЕЛГРАД: Полицијата трага по сторителот, а еве што пронајде полицијата местото!

НОВА ДЕТОНАЦИЈА ВО БЕЛГРАД: Полицијата трага по сторителот, а еве што пронајде полицијата местото!

Силна експлозија одекнала во белградската населба Раковица, на улицата „Стојана Јанковиќ“, во раните утрински часови, околу 3 часот.

Според првичните информации, непознато лице активирало експлозивна направа, при што, за среќа, нема повредени лица.

Од силната детонација на местото на експлозијата бил создаден кратер во асфалтот, додека материјална штета била регистрирана и на прозорците на околните станбени објекти. Оштетен бил и еден автомобил кој бил паркиран во близина.

По инцидентот, полициски екипи излегле на терен и извршиле увид на местото. Надлежните служби работат на утврдување на сите околности поврзани со експлозијата и на идентификување на лицето кое ја активирало направата.

Во рамки на истрагата се прегледуваат и снимки од безбедносни камери во обид да се утврди движењето на сторителот пред и по детонацијата, како и неговиот идентитет.

Овој настан се случува само неколку дена по сличен инцидент во друга белградска општина. Во четвртокот, околу 3 часот наутро, силна експлозија одекнала и во Звездара, каде што засега непознато лице фрлило експлозивна направа кон една станбена зграда.

Полицијата продолжува со истрагата за двата случаи, а засега нема официјална потврда дали постои поврзаност меѓу инцидентите.