ПРВ.мк
Балкан

НОВ ИНЦИДЕНТ ВО ГЕРМАНИЈА: Дронови прелетаа над воена база – алармот повторно се вклучи!

НОВ ИНЦИДЕНТ ВО ГЕРМАНИЈА: Дронови прелетаа над воена база – алармот повторно се вклучи!

Нов безбедносен инцидент е забележан во Германија, откако два дрона биле регистрирани над воена база на Бундесверот во Мехерних, на западот од земјата.

Инцидентот се случил во четвртокот околу 22 часот, кога безбедносниот надзор во базата ги забележал летала, по што веднаш била ангажирана воената полиција. Локалната полиција во Ојскирхен отворила истрага, но засега нема официјални детали за тоа кој управувал со дроновите или откаде потекнуваат.

Овој настани доаѓа само два дена откако на аеродромот Лајпциг/Хале беше откриен дрон наполнет со експлозив кој навреме бил деактивиран. Овој аеродром има исклучително стратешко значење како еден од најважните европски логистички центри за воздушен товар, кој се користи за поддршка на Украина, како и за потребите на НАТО програмата SALIS за транспорт на воена опрема до источното крило на Алијансата.

Западните разузнавачки служби покажуваат сè поголема загриженост поради серијата саботажи и инциденти низ Европа по почетокот на војната во Украина, за кои сомнежите водат кон руското разузнавање, додека руската амбасада во Берлин ги