ПРВ.мк
Топ Вести

ТЕНЗИЧНА ПОРАКА ОД ПУТИН: Земјата е под притисок, но не се свесни што ги очекува!

ТЕНЗИЧНА ПОРАКА ОД ПУТИН: Земјата е под притисок, но не се свесни што ги очекува!

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се наоѓа во исклучително тежок период, но нагласи дека токму овие предизвици ја зацврстиле земјата и ја научиле на важни лекции за државното функционирање, безбедноста и отпорноста на надворешни притисоци.

Тој порача дека државата е целосно свесна за сите проблеми со кои се соочува, но дека истите се внимателно следени и на нив се реагира системски и организирано. Според Путин, клучниот приоритет останува заштитата на граѓаните и зачувувањето на стабилноста во земјата.

Путин во своето обраќање вети дека Русија ќе ја гарантира својата безбедност и ќе биде подготвена да се справи со сите предизвици, вклучително и, како што ги нарече, напади врз нејзината територија и инфраструктура. Тој нагласи дека државата нема да дозволи нарушување на внатрешниот поредок и безбедносниот систем.

Во говорот, рускиот претседател се осврна и на тековните воени случувања, обвинувајќи го Киев за напади врз руска воена и енергетска инфраструктура. Според него, ваквите акции се дел од обидите да се ослабат воените капацитети на Москва и да се наруши нејзината економска стабилност.

Од украинска страна, пак, се наведува дека нападите врз руска територија претставуваат одговор на континуираните бомбардирања и уништувања во Украина од почетокот на војната во 2022 година. Киев тврди дека со таргетирање на енергетската инфраструктура се намалуваат приходите што ја финансираат руската воена машинерија.

Путин се обрати само неколку часа по интензивни извештаи за украински напади со беспилотни летала врз југозападниот дел на Русија. Локалните власти соопштија дека во нападите има жртви и дека е предизвикан пожар во голема рафинерија, што дополнително ја зголеми тензијата во регионот.