ПРВ.мк
Топ Вести

(ФОТО) ЕВРОПЕЈЦИТЕ ГО ИЗБРАА СВОЈОТ РАЈ: Оваа земја е најпосакувана за преселба

(ФОТО) ЕВРОПЕЈЦИТЕ ГО ИЗБРАА СВОЈОТ РАЈ: Оваа земја е најпосакувана за преселба

Шпанија е најпосакуваната дестинација за Европејците кои размислуваат да започнат нов живот во странство, покажува ново истражување спроведено меѓу жители на Франција, Германија, Италија и Велика Британија.

Во анкетата учествувале 2.000 полнолетни испитаници, по 500 од секоја земја, а речиси половина од нив изјавиле дека очекуваат во одреден период од животот да живеат надвор од својата татковина.

Најголема подготвеност за преселба покажале Французите, од кои 57 проценти рекле дека би живееле во друга земја. Следуваат Германците со 52 проценти, Италијанците со 49 и Британците со 48 проценти.

Главната причина за ваквите размислувања се сè повисоките трошоци за живот. Тоа го посочиле повеќе од половина од анкетираните Британци, како и значителен дел од Французите, Германците и Италијанците.

Шпанија е прв избор за испитаниците од Велика Британија и Италија, додека кај Французите и Германците е втора најпосакувана дестинација. Французите најчесто ја избираат Канада, а Германците – Австрија. Кај Британците, покрај Шпанија, високо се рангирани и Австралија и Канада.

Истражувањето покажува и промена во навиките на Европејците. Наместо трајно иселување, сè повеќе луѓе размислуваат за привремен престој во странство, работа од далечина и живот во две или повеќе земји.