Дел од жителите на Општина Центар утре (25 јули) привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија.
Според најавата, прекинот во снабдувањето со струја ќе трае од 09:00 до 11:30 часот.
Во наведениот период без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Белградска“.
Од ЕВН апелираат до граѓаните навреме да ги организираат своите активности и да ги преземат потребните мерки поради привремениот прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Прекинот е дел од редовните активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.










