ПРВ.мк
Свет

ТРАМП Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕУ: „Ќе платат многу висока цена“, САД отвораат истрага

ТРАМП Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕУ: „Ќе платат многу висока цена“, САД отвораат истрага

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Европската Унија по одлуката на Европската комисија да го казни „Гугл“ со 890 милиони евра поради прекршување на правилата за дигитална конкуренција, најавувајќи дека САД веднаш ќе покренат трговска истрага против Унијата.

Во објава на социјалните мрежи, Трамп оцени дека ЕУ „ги ограбува американските компании“ и најави отворање истрага според членот 301 од американскиот Закон за трговија од 1974 година. Тој порача дека Европската Унија „ќе плати многу висока цена“ за, како што наведе, „незаконското и крајно неетичко однесување“.

Одлуката следува откако Европската комисија ѝ изрече казна од 890 милиони евра на компанијата „Гугл“, оценувајќи дека ги прекршила европските правила за ограничување на моќта на големите технолошки компании. Европската страна тврди дека мерките имаат цел да ја заштитат конкуренцијата и потрошувачите на дигиталниот пазар.

Според американските медиуми, истрагата би можела да биде вовед во нови трговски мерки или дополнителни царини кон Европската Унија, што би ги продлабочило и онака затегнатите економски односи меѓу Вашингтон и Брисел.

Моментално нема официјален одговор од Европската комисија на најновите изјави на Трамп, а се очекува развојот на ситуацијата да биде предмет на нови разговори меѓу двете страни.