Дваесет и седумгодишен осуденик од Куманово бил пронајден починат во Казнено-поправната установа „К'шање“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од СВР Куманово, случајот бил пријавен вчера во 12:35 часот од затворската установа, по што полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот.
Увид извршила екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за причините за смртта, а тие ќе бидат утврдени по завршувањето на обдукцијата и натамошната истрага.






