ПРВ.мк
Црна Хроника

САКАЛ НОВА СООБРАЌАЈНА СО ЛАЖНА ИЗЈАВА – МВР поднесе кривична

САКАЛ НОВА СООБРАЌАЈНА СО ЛАЖНА ИЗЈАВА – МВР поднесе кривична

Шеесет и деветгодишен жител на Скопје заработи кривична пријава откако, според Министерството за внатрешни работи, дал лажна писмена изјава за да добие нова сообраќајна дозвола.

Од СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал информираат дека против И.К. (69) е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.

Според информациите од МВР, пријавениот со намера да ја прикрие вистинската причина за вадење нова сообраќајна дозвола, поднел писмена изјава во која навел дека документот го изгубил.

Сепак, како што утврдиле надлежните, сообраќајната дозвола претходно не била изгубена, туку му била одземена од инспектор за патен сообраќај на Град Скопје при редовен инспекциски надзор.

По целосното документирање на случајот, против скопјанецот е поднесена кривична пријава, а за понатамошниот тек на постапката ќе одлучуваат надлежните правосудни органи.