ПРВ.мк
Топ Вести

Русија продаде рекордни 44 тони злато – што стои зад овој потег?

Русија продаде рекордни 44 тони злато – што стои зад овој потег?

Русија во јуни продаде рекордни 44 тони злато, што претставува најголемо намалување на резервите во последните години.

Според достапните податоци, резервите на злато на Централната банка на Русија, која е меѓу петте најголеми сопственици на злато во светот, се намалиле за околу 0,3 милиони унци. Аналитичарите проценуваат дека со оваа продажба биле обезбедени околу 5,6 милијарди долари.

Експертот Владимир Чернов за „Ројтерс“ објаснува дека продажбата не е донесена како посебна одлука за покривање на буџетскиот дефицит, туку е дел од механизмот што Централната банка го спроведува во координација со Министерството за финансии.

Причината е намалувањето на приходите од нафта и гас, поради што државата користи дел од средствата и резервите за да го одржи буџетот стабилен и да ги финансира домашните потреби.

Златото е особено погодно за вакви операции бидејќи се чува во Русија, лесно е достапно за регулаторот и неговата вредност значително порасна во изминатите неколку години.

Инаку, дури и во периодот на пандемијата, кога руските власти интервенираа за поддршка на рубљата и државниот буџет, биле продадени само 7,6 тони злато, што покажува дека најновата продажба е значително поголема и претставува рекорден потег во поновата историја на руските финансиски резерви.