ПРВ.мк
Топ Вести

Безбедносен аларм: Полска ги затвори аеродромите - ова е причината!

Безбедносен аларм: Полска ги затвори аеродромите - ова е причината!
Kristal

По големиот воздушен напад на Русија врз Украина, Полска привремено затвори два аеродрома – во Лублин и Жешов – и крена борбени авиони, соопшти полската војска. Аеродромите беа повторно отворени по завршувањето на операцијата.

Претседателот Володимир Зеленски соопшти дека Русија лансирала повеќе од 400 дронови и околу 40 проектили од различен тип. Мета на нападот биле електричната мрежа, производствените постројки и дистрибутивните трафостаници, а полската страна потврди дека не е нарушен нејзиниот воздушен простор.

Министерот за енергетика на Украина, Денис Шмихал, истакна дека нападот погодил две термоелектрани и клучни елементи за дистрибуција на електрична енергија, во услови на најавени температури до -19 степени во наредните денови.

Зеленски потенцираше дека Русија продолжува да избира војна наместо дипломатија и повика на засилена поддршка за трилатералните преговори и спречување на нови напади.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape